Аспектите на Душата
Постојат неколку различни аспекти кои
ја сочинуваат човечката душа. Аурата, светлиното тело, чакрите, етеричниот
двојник, [духот што ја добива сликата на физичкото тело] и
интелигенцијата/свеста. Човечката душа е составена и од елементите оган, земја,
воздух, вода и квинтесенција.
При вршење на истражување, најдов
големи несогласувања меѓу авторите во однос на специфичните аспекти на КА, БА,
АКХ и САХУ - деловите на душата како што ги дефинирале Античките Египтиани. Од она што можам да го соберам, вистинското значење на Египетскиот концепт на „РЕН“ е индивидуалната вибрација на душата. Ова има
врска со Египетската Кабала (KA BA AKH). Оригиналната
Кабала била египетска и целта била медитација за различните аспекти на душата,
и одделно и заедно во комбинации. Ова е многу, многу напредно.
Човечката душа може по волја да се
подели за време на медитацијата. Тоа е она што се случува со намерна астрална
проекција или неволни искуства „надвор од телото“. Како што душата може да
се подели, таа може повторно да се соедини по волја. Душата може да се спои со
душата на друга личност.
Аурата
може да се потроши и да се собира по желба. Може да се програмира да привлекува
или да одбие што било по желба. Аурата може да се програмира со волја да
дејствува на аурата на другата во добро или лошо.
За
секој аспект на душата може да се медитира посебно и да се овласти. Секој
аспект може да го повика и задржи секој од елементите. Ова е многу напредно и
може да биде опасно ако некој не знае што прави.
Сликите
подолу илустрираат два главни дела на душата. Имајте на ум, светлото тело е без
облик. Иако и двете илустрации се бела светлина, овие тела можат да бидат од
која било боја и можат да ја менуваат бојата во однос на расположението,
здравјето, емоциите и слично. Тие исто така можат да бидат со повеќе од една
боја.
Горенаведеното,
јас го пишувам од сопствени директни искуства а не од теорија.
© Авторски права 2006, Министерствата на Радоста на Сатана;
Библиотека на Конгрес Број:
12-16457