Евоцирање на Елементите
Кога вашите цели се лични и се
однесуваат на вас самите, ова е време да инвоцирате проектирате енергија од
себето.
Евоцирањето енергија е различно. Кога
магиите се за другите, важно е да евоцирате енергија бидејќи енергијата што ја
проектирате од себе ќе воспостави врска со личноста на која ја испраќате. И во клетвите и
лекувањето, од очигледни причини, ова е непожелно. Енергијата што ја користите
мора да се земе од универзумот. Многу е важно да ги совладате и евокацијата и инвокацијата
на елементите за да напредувате до напредни нивоа на способност.
Евоцирање
Оган
Влезете во транс и визуелизирајте дека сте среде оган. Почувствувајте ја топлината и слушнете го шушкањето и крцкањето на пламенот и почувствувајте го горењето. Сега, почнете да го собирате и кондензирате тој оган во сфера пред вас. Насочувајте го огнениот елемент од сите правци во сферата пред вас. Колку повеќе од огнениот елемент го насочувате во сферата, толку таа ќе стане погуста, материјална и пожешка. Треба да ја почувствувате топлината додека го правите ова. Колку повеќе го компресирате и кондензирате огнот, толку повеќе топлината ќе расте. Вие всушност треба да имате чувство дека сте буквално во фурна
Сега
растворете ја огнената сфера визуелизирајќи ја како се растура - токму
спротивното од кога сте ја споиле. Продолжете да работите на тоа да го
визуелизирате како се растура, ја губи својата сила, моќ и топлина и на крајот
се раствора во ништо.
**
Евоцирање
Воздух
Влезете во транс и визуелизирајте дека сте во воздух, наполнете ја целата просторија со него. Насочувајте го воздухот од сите правци истовремено во сфера пред вас. Наполнете и соберете го елементот воздух во сферата. Треба да се чувствувате многу лесно, како да лебдите.
Кога
ќе завршите со пакување на воздухот во сферата, растворете го како што
направивте со огнената сфера.
**
Евоцирање
на Вода
Влезете
во транс и визуелизирајте дека сте среде океан или езеро. Насочувајте го
елементот вода од сите правци. Чувствувајте ја водата на почетокот како ладна
пареа, колку поблиску ја привлекувате до вашето тело, како што ја кондензирате
водата се повеќе и повеќе, треба да чувствувате леден студ. Сега, соберете го
елементот вода во сфера пред вас и потоа растворете го, исто како што
направивте со огнот и воздухот. Нека испари во ништожност.
**
Евоцирање
на Земја
Влезете
во транс и насочејте сива материја, од сите правци истовремено. Колку поблиску
го доближувате до себе, толку тој станува се покафеав и покафеав, богат како
земја и погуст. Наполнете ја просторијата целосно со тешката материја на
елементот земја и визуелизирајте ја како се прави во сфера. Почувствувајте ја
тежината и гравитацијата и нејзиниот притисок врз вашето тело. Кога ќе
завршите, растворете го како што правевте со другите елементи.
**
Повторно евоцирајте го елементот на оган, но овој пат, имајте чаша млака вода пред вас и повлечете го огнот од сите правци и кондензирајте го во чашата со вода. Најдобро е да користите проѕирно стакло со оваа вежба. Замислете дека водата станува се потопла и пожешка со елементот оган.
Ако сте успешни, температурата на водата ќе се зголеми за неколку степени. Кога ќе завршите, можете да ја вкусите водата и би требало да има необичен вкус доколку сте успешни.
Подоцна,
кога ќе откриете дека можете да ја подигнете температурата на млаката вода,
потоа работете со постудена и постудена вода и вежбајте го истото.
Референции: Иницијација во Херметика од Франц Бардон © 1956
НАЗАД КАЈ СТРАНИЦАТА НА САТАНСКАТА МОЌНА МЕДИТАЦИЈА
© Авторски права 2006, Министерствата на Радоста на Сатана;
Библиотека на Конгрес Број: 12-16457