Важноста на Животната Средина
Во далечната 1534 година, Бенвенуто Челини, Италијански Ренесансен сликар сакал да доживее „магична операција“. Тој се сретна со еден Сицилијански свештеник упатен во уметноста на ритуална магија, еден пријател Винчентио Ромоли, 12-годишно момче и втор волшебник, кој го придружуваше свештеникот. Челини сакаше љубов од ена жена. Од сите места за избор за ритуал, тие отидоа во Римскиот Колосеум.
Тие направија круг од девет метри и по час и половина, некои духови се појавија и и соопштија на групата. Тие раскажаа дека Челини ќе ја добие својата љубов за еден месец. Тогаш нешто тргна наопаку. Се повеќе и повеќе духовни ентитети доаѓаа, а потоа почнаа да стануваат агресивни. За кратко време „имаше премногу присутни духови“. 12-годишното момче врескало: „Сите беа загрозени од милион најжестоки мажи што некогаш ги виделе“. „Четири гиганти, целосно вооружени, се обидуваа насилно да влезат во кругот. Детето извика дека „Колосеумот гори и дека пламенот се тркала кон нив“.
Групата преплашена се стуткала, магионичарот на купови фрлил уште асафетида на огнот, а по некое време духовите бесни си заминале. Групата остана згрчена до утро и останаа само неколку духови „и овие на далечина.„По напуштањето и трчањето дома, неколку духови ги бркаа.
Римскиот Колосеум од сите места што можеле да избират беше најлошиот избор за љубовен ритуал. Едно лице кое умира од насилна смрт испушта негативна енергија, но илјадници насилни смртни случаи заедно со сите смртни емоции - гладијаторите, лавовите и другите диви животни ги распарчуваат луѓето на парчиња, и интензивното насилство остава свој белег со векови.
Правилната средина со енергија која е во склад со целите на ритуалот е важна, очигледно несаканите влијанија можат најлошо да влијаат на ритуалот или магичната операција.
Музика,
мисли, потсетувањето на минатите искуства или фантазии е исто така важно за
создавање на расположение и средина што ги поддржува целите на ритуалот.
Референции:
Magick: The Power to Change Your World by J. H. Brennan © 1998